Со пригодна свеченост, денес, беше ставена во употреба пешачката патека која се наоѓа во Стариот дел на градот. Патеката се протега од Кошишта по северната страна на калето кон Лабино и Канео. Од Лабино патеката продолжува кон Воска и Даљан, а од таму кон извиднички центар.
Првибитниот впечаток е одличен, досега нема ниту еден лош коментар што е потврда дека граѓаните со консензус го одобруваат овој проект и се задоволни од реализацијата. Тоа за нас е поттик и мотивација дека ваквите проекти треба да продолжат. Тоа беше и наша замисла, за граѓаните да најдиме начин преку нашите надлежности да создадеме нешто поради кое луѓето ќе излегуваат, рекреираат, спортуваат и заеднички се дружат и споделуваат животни искуства и градат меѓусебна доверба, исткна градоначалникот Никола Бакрачески.
Должината на пешачката патека изнесува 2 700 метри, што минуваат низ живописни предели и убави глетки кон Охридското езеро. Дополнително на долж патеката се поставени клупи за одмор, а на одредени делови е поставена и заштитна ограда.
Претседателот на урбанта заедница Стар град, Горан Патче, истакна дека изградбата на патеката ја збогатува туристичката понуда на градот и дека е од големо значење за охриѓани, но и за гостите што сведочи и големата фрекфенција на патеката.
Буџетот издвоен за изградба на патеката изнесува околу 6,5 милион денари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |