Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Охрид.
|
-Припадниците на влашката етничка заедница, со својата богата култура и општествено делување, претставуваат нераскинлив дел од историјата на Република Македонија.Власите со нивната култура, срдечност и мирољубивост се составен дел на македонското општество, а влашката заедница давала и дава значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава.Нивниот придонес е осведочен и во развојот на локалната заедница.Ние како нивни сограѓани сме убедени дека Влашката заедница е нераскинлив дел од заедничкото минато,сегашност и иднина.Затоа, искрено и недвосмилено заеднички се трудиме да градиме соживот и демократија на рамноправни граѓани.
Честитајќи ви го Националниот ден на Власите , дозволете ми да го изразам своето уверување дека со заеднички напори ќе продолжиме да работиме во интерес на локалната заедница, за подобар живот на сите граѓани и напредок во секоја област на живеењето-се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |