Кризниот штаб и јавните претпријатија на Општина Охрид викендов се постојано на терен и се санираат последиците од невремето кое го погоди регионот.
Екипите го чистат коритото на Коселска река на потегот кој е блокиран од ѓубре и дрвја. Се работи на санирање на овој дел и на делумно проширување за да се овозможи нормален проток на водата.
Екипи на МЈП „Проаква“ се на терен на потегот на Булевар „Железничка“ каде исто така се санираат настанатите штети од поплавите предизвикани од обилните врнежи на дожд, кои според последните мерења се искачија до над 13 литри на м2.
Екипите на Јавните локални претријатија вчера ги санираа и оштетувањата од паднатото дрво кај црквата „Св. Софија“, а претходно е помогна и при двете опожарени куќи во Месокастро.
|