Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОВИРАНА НОВАТА КНИГА НА ПРОФЕСОРОТ ДИМИТАР ПАНДЕВ
Untitled Document

Во музејот „Куќата на Робевци“, во рамки на празнувањата по повод Патронот на Охрид, беше промовирана новата книга на професорот Димитар Пандев, „Охридската Писменост“.
Книгата „Охридска писменост“, ја промовираше поетот Славе Ѓорѓо Димсоки, кој посочи дека таа е книга кој ги соединува фактите и легендите за ширењето на писменоста на овие простори.

Авторот на книгата, професорот Пандев, изрази голема благодарност до уметникот Никола Упевче за уникатната изработка на корицата и до општина Охрид за несебичната поддршка што ја дава за создавање на вакви трајни дела.

По завршувањето на промоцијата, сите присутни ојдоа во разглед на новите археолошки, фолклорни и етнолошки поставки кој се наоѓаат во музејот „Куќа на Робевци“.

Прочитано:  226  пати
Објавено на: 08.12.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©