Во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“, денес, беше одбележан патрониот празник на училиштето.
Градоначалникот, Јован Стојаноски во своето обраќање им го честита патрониот празник на професорите и учениците и им посака и понатака да продолжат да нижат успеси како и до сега.
Во рамки на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел и културно – уметничка програма подготвени од учениците во ОУТУ „Ванчо Питошески“.
|