Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион,
продолжувањето на традицијата која е темел на нашиот рурален развој,
креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и
презентација на традиционалната храна годинава повторно ќе бидат дел од
манифестацијата “Охридска софра” која ќе се одржи во сабота(02.09.2017) во
селото Скребатно.
Програма
Охридска софра 02.09.2017
09:00 часот – Официјален почеток на манифестацијата
11:30 часот – Дегустација, оценување и сумирање на резултатите
12:10 часот – Обраќање на Градоначалникот
12:20 часот - Прогласување на победниците и доделување на наградите
12:30 часот – Музичка програма - Ансамбл Билјана
Извор: www.ohrid.gov.mk |