На ден 16. 12 2017 година (сабота) во период од 09-13 часот на ул. „Гоце Делчев“- потег од крстосницата помеѓу ул „Абас Емин“ и ул. „Гоце Делчев“ до крстосницата помеѓу ул„Гоце Делчев“и ул. „Пирин Планина“, ќе се изведуваат градежни работи околу санација и реконструкција на тротоарот. Поради тоа овој дел на улицата „Гоце Делчев“ ќе биде забранет за секаков вид на сообраќај.
Надлежните општински служби, на крстосницата помеѓу ул „Абас Емин“ и ул„Гоце Делчев“ ќе постават соодветна сообраќајна сигнализација. |