Во пресрет на новогодишните празници учениците од ОУТУ "Ванчо Питошески" – Охрид, од секцијата „Млади готвачи“ ги покажаа своите вештини, изработија новогодишни слатки и ги посетија и израдуваа најмалите во најблиската градинка „Билјана“.
Учениците од ОУТУ "Ванчо Питошески" –Охрид им посакаа најубави новогодишни желби и заедно со дечињата испеаа новогодишни песнички.
|