Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07,159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 39/16), Општина Охрид, на ден 15.01.2018 година, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ДУП за УЗ 2, дел од УБ 2.2-опфат 3 Општина Охрид, плански период 2017-2022г. кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП за УЗ 2, дел од УБ 2.2-опфат 3 КО Општина Охрид,плански период 2017-2022 г. нема да има влијание врз животната средина од следните причини : Основ за донесување на овој ДУП е постојниот ГУП за град Охрид,одобрената планска програма од страна на градоначалникот, а заверена од членовите на надлежната комисија.Со реализација на планскиот документ е предвидена следната класа на намени: А(домување), А1 (домување во станбени куќи) и А2 (домување во станбени згради). Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежните парцели. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.
- Против ова одлука може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
|