Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СОБИР НА ГРАЃАНИ НА УРБАНА ЗАЕДНИЦА „15 КОРПУС“
Untitled Document

Врз основа на член 82 од Законот за локална самоуправа, член 106-став 1 од Статутот на општина Охрид, Одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедници на територија на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месна самоуправа на општина Охрид, Советот на УЗ15 „15 Корпус“  донесе Одлука за распишување избори за членови на совет на урбаната заедница 15 „15 Корпус“, Советот на урбаната заедница 15„15 Корпус“ свикува СОБИР НА  ГРАЃАНИ.

На Собирите ќе се врши избор на членови на Совет на урбана заедница 15„15 Корпус“.

На ден 26.02.2019 год.  со почеток во 19.00  часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -15„15 Корпус“. Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.

Урбаната заедница -15„15 Корпус“ го завзема крајниот североисточен дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. “Ирина Мирка Гинова”, ул. “Живко Чинго”, ул. “Александар Турунџе”, граница на опфатот на градот, пат за Велгошти, пат за Лескоец, од Запад ул. “Кленоец”, ул. “Петрино”, од Север граница на опфатот на градот, патот “М-5” и од Југ ул. “Железничка”, ул. “Живко Чинго”, ул. “15-ти Корпус”.

УЛИЦИ: ул. “Кленоец” – десна страна, ул. “Српница”, ул. “Веле Марков”, ул. “Ирина Мирка Гинова”, ул. “Александар Турунџев”, ул. “Живко Чинго”- лева страна, ул. “Железничка” – дел од кружно каj здружение на возачи десна страна до пресек со ул. “Кленоец”.

Напомена: Граѓаните присутни на Собирот со себе да носат важечка лична карта или патна исправа заради доказ за жителство во Урбаната заедница  и лична идентификација.

Врз основа на Статутот на општина Охрид:

Член 105

Советот на облиците на месната самоуправа е составен од 3 (три) до 7 (седум) членови.
Мандатот на членовите на советот на месната самоуправа трае 4 (четири) години.

Член 107

Предлагање и утврдување кандидати за членови на советот на облиците на месната самоуправа се врши на собир на граѓани, доколку присуствуваат најмалку 3% од граѓаните, жители на  месната самоуправа, кои имаат право на глас.

За утврдени се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број на гласови од присутните граѓани на собирот.

Член 109

За избрани членови на советот на облиците на месната самоуправа се сметаат кандидатите кои добиле мнозинство односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале.

Врз основа на Правилата за работа на облиците на месната самоуправа:

 Член 17

Собирот на граѓани ( во понатамошниот текст: собир) го сочинуваат сите полнолетни граѓани со живеалиште на подрачјето на обликот на месната самоуправа.
Собирот се свикува со писмено известување, преку дневниот печат, преку електронски медиуми или на друг погоден начин.

 Член 29

Предлог за кандидат за член на Советот може да поднесе секој полнолетен присутен член на собирот.
Предлозите за кандидат се даваат поединачно и секој има право да предложи само еден кандидат.
Секој предложен кандидат дава согласност за прифаќање на кандидатурата.

 Член 30

За утврден кандидат се смета кандидатот кој добил мнозинство на гласови од присутните полнолетни граѓани на собирот, жители на облиците на месната самоуправа.

 Член 31

На Собирот на граѓаните може да се предложат, односно утврдат најмногу два пати повеќе кандидати од вкупниот број на членови на Советот.

Совет на урбана заедница 15„15 Корпус“
Претседател,
Дејан Анѓелески

Прочитано:  125  пати
Објавено на: 19.02.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©