Охридските гимназијалци, во Центарот за култура „Григор Прличев“ одржаа хуманитарен концерт наменет за соучениците чии семејства не се во можност да обезбедат финансиски средства за школските екскурзии.
Ваков настан учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ организираат осум години по ред. Годинашниот беше насловен како „Филмовизија“. На хуманитарниот концерт учествуваа околу 70 ученици изведувајќи точки со пеење, свирење и играње.
|