Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ
Untitled Document

- Почитувани сограѓани и припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија,
Прославувањето на Националниот ден на Власите како празник, претставува симбол за почит кон Влашката култура и Влашкото малцинство што живее на овие простори. Влашката заедница, која дава свој придонес во општествениот и културен прогрес во Охрид и Македонија е важен дел од македонското општество.
Власите во Македонија, се составен дел од историјата на Република Македонија и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата.
Националниот ден на Власите е можност да ја одбележиме и прославиме долгата традиција на соживот и заедништво. Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за зацврстувањето на благосостојбата и просперитетот на градот и државата
, стои во честитката на градоначалникот, Јован Стојаноски.

Прочитано:  1403  пати
Објавено на: 22.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©