ЈП„Нискоградба“ ,изведува градежна активност за изградба на фекална канализација во населено место Рача во должина од 100 метри. Се поставуваат цевки со дијаметар од Ф200 mm за одведување на фекална канализација. На потегот на кој се работи ќе се постават и 6 шахти. Со завршување на овој зафат ќе се опфатат објектите кои што гравитираат на тој потег, а ќе се реши и проблемот со собирање на отпадните води што до сега преставуваше проблем за жителите на ова населено место.
Во рамки на предвидените активности за работа, надлежните служби за одржување на канализационата и атмосферска мрежа при ЈП „Нискоградба“ денеска започнаа со чистење и профилактика на цевководи и шахти на ул. „Спас Банџов“ .
Екипи на ова претпријатие ,изведуваат градежна активност за изградба на фекална и атмосферска канализација на крак од ул.’’Стин Наумов’’ .. Се поставуваат цефки со дијаметар Ф300 за одведување на атмосферска канализација во должина од 148 метри, и цефки со дијаметар од Ф200 mm за одведување на фекална канализација во должина од 130 метри.. На потегот на кој се работи ќе се постават 12 шахти од кои 6 за фекална и 6 за атмосферска канализација како и 4 сливници за собирање на атмосферската вода. Со завршување на овој зафат ќе се опфатат објектите кои што гравитираат на тој потег како и ќе се реши проблемот со собирање на дождовната вода во период на врнежи од дожд што до сега преставуваше проблем за жителите на ова населено место.
Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности на улица „Галичица“. Просторно се уредува површина со бехатонска подлога од 300 м2 . Изведбата ќе придонесе за уредување на дел од урбаната заедница како и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од Охрид.
|