Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СО УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР
Untitled Document

Градоначалникот  на  Охрид, д-р Јован Стојаноски денеска    имаше   протоколарна средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Н.Е Ласло Иштван Дукс.
Ова е прва  средба со  унгарскиот амбасадор , на која се разговараше за  добрата билатерална соработка помеѓу Р. Унгарија и Р. Македонија како и продолжување на одличната соработка со општина   Охрид.

Двете страни  разговараа  за можностите во Охрид да се организира бизнис форум на кој ќе учествуваат претставници на мали и средни претпријатија. Беа разменети мислења и околу соработката во делот на туризмот и можностите да се инвестира во Охрид.

Амбасадата на Р. Унгарија во Р. Македонија денес  донира дел од својот книжен фонд во НУ Библиотека  „Григор Прличев“.

Прочитано:  1370  пати
Објавено на: 12.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©