Градоначалникот на Општина Охрид Јован Стојаноски, упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед. Во честитката стои:
,, На сите граѓани кои Божиќ го слават по грегоријански календар, им ги честитам претстојните Божиќни и Новогодишни празници. Нека светлоста на Витлеемската зора го осветлува секое ваше утро и секој нов ден, со најискрени желби за меѓусебно почитување и разбирање.
Во духот на долговековната традиција, празничните денови поминете ги во пријатна атмосфера, во кругот на своето семејство. Ви посакувам добро здравје, среќа и благосостојба во Вашите домови.Нека ве следи добра мисла, Божиќен и човекољубив дух. Универзалните вредности нека не спојуваат и натаму нека го одржуваат меѓусебното почитување и соживотот, кој со векови опстојува на нашите простори- се вели во честитката на градоначалникот Јован Стојаноски до граѓаните од католичка вероисповед. |