Во присуство на министерот за здраство Венко Филипче и в.д градоначалникот Константин Георгиески, на Општата болница, денеска и беше предадено санитетско возило, донација од фирмата „ Руски Транс“ и невладината организација СОС Балкан Медиа. Специјалното санитетско возило, марка „Мерцедес“ е во вредност од 40.000 евра.
Министерот Венко Филипче се заблагодари за донацијата, а со менаџерскиот тим на Општата болница разговараше за исплатата на долговите, опремата со која располага институцијата и која треба да се набави и за изградбата на нова поликлиника.
|