Екипи на општинските јавни претпријатија „ Нискоградба“ , „Охридски комуналец“ , „ Градски гробишта“ и „ Проаква“ , по налог на Локалната самоуправa , денеска започнаа со уредувањето на пешачките патеки покрај езерото.
Работите започнаа од потегот кај Средното угостителско-туристичко училиште „ Ванчо Питошески“ и хотелот „ Милениум“ , а според планот, во оваа етапа, ќе се уредува просторот на кејот од Центарот за култура „ Григор Прличев“ до хотелот „ Гарден“ .
Просторот ќе се чисти, ќе се санираат оштетените делови и хортикултурно ќе се уредува.
Со ваквите дополнителни ангажирања, Локалната сампоуправа ја реализира определбата, општинските јавни претпријатија,поради консолидација на нивното материјално-финансиско работење, покрај извршувањето на основната дејност, да имаат и дополнителна работа и максимално да ги користат расположивите капацитети.
Извор: www.ohrid.gov.mk |