Во рамките на наставната програма за четврто одделение по предметот “Општество“ , денес во посета на локалната самоуправа беа учениците од ОУ “Христо Узунов“. За функционирањето, организацијата и овластувањата на општинската администрација, пред учениците зборуваа секретарот Димитар Спасески и советникот Ангел Јанев.
Учениците имаа можност да се запознаат посебно, со работата на секторот за образование и одделенитето за односи со јавност.
Извор: www.ohrid.gov.mk |