Заменик градоначалникот Александар Јанев денеска имаше средба со делегација на КУД „ Краљ Томислав“ од Биоград на Море од Хрватска , кои се во неколкудневен престој кај домаќините од КУД „ Гердан“ од Охрид.
На средбата, заеднички беше оценето дека соработката на двете културно- уметнички друштва е добра основа за воспоставување на поблиски односи меѓу Охрид и Биоград на Море како развиени туристички центри. Покрај соработката во областа на туризмот и културата, беа споменати и можностите за креирање заеднички проекти и користење средства од европските фондови.
Членовите на културно уметничките друштва „ Краљ Томислав“ од Биоград на Море и „ Гердан“ од Охрид до недела ќе се дружат и забавуваат, а според програмата е предвидено да ги разгледаат најзначајните културно- историски знаменитости.
Извор: www.ohrid.gov.mk |