По повод 7-ми ноември, денот на ослободувањето на Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески, денес пред пладне во својот кабинет ги прими претставниците од Сојузот на борци и учесниците во ослободувањето на градов.
Во рамки на одбележувањето на празникот, во големата сала при општината се одржа историски час и пригодна свеченост проследена со музички настапи на членовите од Здружението на пензионери и “Распеаните герданчиња“. Случувањето го следеа Градоначалникот Бакрачески и други претставници од Општината и Советот , членовите од Сојузот на борци и претставници на охридските јавни претпријатија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |