Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ РАКОМЕТЕН СУПЕРЛИГАШ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари средба со претставници на ракометниот клуб „Охрид 2011“ и со познати бизнисмени од Охрид. На состанокот се разгледуваше можноста Охрид да добие ракометна екипа која ќе се натпреварува во елитната Супер лига.

Градоначалникот Бакрачески истакна дека Локалната самоуптрава е подготвена да го превземе најголемиот дел обрските во клубот. Во текот на денот, од Централниот регистар ќе се побараат упатства за трансформација на клубот во акционерско друштво со што би се остварил првиот услов за учество во најсилната лига.

Познати бизнисмени од Охрид, кои присуствуваа на состанокот, изразија подготвеност да бидат дел од тоа акционерство друштво и да го помогнат ракометот во градот. Тие истакнаа дека треба да се размислува за долгорочни и стабилни решенија и да се изготви сериозна програма.

На крајот од состанокот беше заклучено дека дефинитивно РК Охрид 2011 ќе се трансформира во акционерско друштво и дека ќе се натпреварува во најсилната македонска ракометна лига.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 23.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©