Со фудбалскиот натпревар помеѓу српските екипи на ФК „ Радник“ од Лучане и ФК „ Младост“ од Сурдулица започнаа подготвителните фудбалски натпревари на Спортско рекреативниот центар „ Билјанини извори“ .
Во наредниот период Охрид и СРЦ „ Билјанини извори“ ќе бидат домаќини на уште седум фудбалски екипи од кои три се од нашиот сосед Србија ( ФК „Спартак“ - Суботица, ФК „ Јавор“ - Ивањица и ФК „ Борац“ Чачак ) и четири од нашата држава и тоа ФК „ Ренова“ , ФК „ Металург“, ФК „ Шкупи“ и ФК „ Тетекс“.
Закажаните термини потврдуваат дека од година во година Охрид и СРЦ „ Билјанини извори“ постануваат центар за подготвување на фудбалските екипи како од Македонија така и од соседството. Инвестициите во фудбалската инфраструктура после многу години се покажуваат како вистинско решение за идниот развој на ЈП „ Билјанини извори“ и спортскиот туризам.
Извор: www.ohrid.gov.mk |