Општина Охрид започна со имплементација на проектот АКТ „Активирање на граѓаните за грижа кон животната средина“, финансиран од страна на РЕЦ- Регионален еколошки центар за централна и источна Европа, а прва активност е анкетата „ Вашето мислење значи“ . Анкетата ќе се одвива утре, 06.06.2017 г. (вторник) на плоштадот Крушевска Република во времето од 12 до 15 часот, каде граѓаните ќе можат преку пополнување прашалник да го искажат своето мислење за состојбата на животната средина и придонесат кон подобрување на истата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |