Пред претстојниот празник 8.декември – Св.Климент Охридски, кој воедно се одбележува како Ден на Општина Охрид, Ј.П.Охридски Комуналец ги интензивира своите активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Темелно се чистат и уредуваат јавно-прометните и зелените површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености: градскиот плоштад, дворот од О.У.„Климент Охридски„ и сите пристапни патеки кои водат до училиштето, патеката до Плаошник, просторот околу Домот на култура „Григор Прличев„ и др. Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на градскиот плоштад клупите и садовите за депонирање ситен отпад ќе светнат во нова боја.
Извор: www.ohrid.gov.mk |