Јавното Претпријатие Ниско Градба ,периодов реализира низа активност. Улицата Крум Точко се копа во длабочина од 20 см и двослојно се тампонира . По целата должина на улица “АСНОМ“ се поставува бекатон, се подига потпорно ѕитче и се одбележуваат пешачки зони. Привршуваат и активностите околу заштитната ограда на тротоарот непосредно пред ОУ “Христо Узунов“.
На патниот простор од населбата Црногорци до селото Лакочереј каде веќе е поставена нова канализациона мрежа, деновиве се прават шахтите и прелазите.
Инаку претпријатието го заврши тампонирањето и останатите градежни активности на улицата Петрино и се очекува таа да биде асфалтирана деновиве.
Извор: www.ohrid.gov.mk |