Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СТРУЧНА РАСПРАВА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАД ОХРИД
Untitled Document

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл.Весник на РМ“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл. Гласник на општина Охрид“ бр. 8/07 и 1/08), а во врска со член 23 и 24a од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

СООПШТЕНИЕ
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СТРУЧНА РАСПРАВА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАД ОХРИД ЗА ДЕЛ ОД УЗ 2 - УБ 2.2, 2.4, УЗ 5 - УБ 5.2 И УБ 5.4, УЗ 9 - УБ 9.1 И УБ 9.3, УЗ 12 – УБ 12.2, УЗ 13 – УБ 13,2, УЗ 17 – УБ 17.1 ОПШТИНА ОХРИД ПРЕДЛОГ ПЛАН ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2014-2024

СЕ СООПШТУВА стручна расправа за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за дел од УЗ 2 - УБ 2.2, 2.4, УЗ 5 - УБ 5.2 и УБ 5.4, УЗ 9 - УБ 9.1 и УБ 9.3, УЗ 12 – УБ 12.2, УЗ 13 – УБ 13.2, УЗ 17 – УБ 17.1 општина Охрид, предлог план, плански период 2014-2024.

Просторот на планскиот опфат на Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за дел од УЗ 2 - УБ 2.2, 2.4, УЗ 5 - УБ 5.2 и УБ 5.4, УЗ 9 - УБ 9.1 и УБ 9.3, УЗ 12 – УБ 12.2, УЗ 13 – УБ 13,2, УЗ 17 – УБ 17.1 општина Охрид, предлог план, плански период 2014-2024 е со површина од 215.41 ха и е дефиниран во следните граници:

УЗ 2 - УБ 2.2, П=9.49 ха – Бул. „Македонски просветители“, ул.„ Партизанска“, ул. „ Димитар Влахов“ и ул. „ Јане Сандански“;
УЗ 2 – УБ 2.4, П=10.19 ха – Бул. „ АСНОМ“, „Кеј Маршал Тито“,                          ул.„ Партизанска“ и ул.„Јане Сандански“
УЗ 5 – УБ 5.2, П=10.21 ха – Бул. „Туристичка“, „Прв градски ринг“, ул. „Бистрица“ и ул. „И. Дудановски“
УЗ 5 – УБ 5.4, П=34.13 ха - ул. „Железничка“, ул. „Пирин Планина“, „Прв градски ринг“ и ул. „Бистрица“
УЗ – УБ 9.1, П=28.36 ха – ул. „Железничка“, ул. „Пирин Планина“, „Прв градски ринг“ и ул. „Абас Емин“
УЗ 9 – УБ 9.3, П=16.02 ха – ул. „Железничка“, ул. „7ми Ноември“,     ул. „Егејска“ и ул. „Кленоец“
УЗ 12 – УБ 12.2, П=17.75 ха – ул. „Марко Цепенков“, ул. „Момчило Јорданоски“, ул. „Сирма Војвода“ и ул. „Болничка“
УЗ 13 – УБ 13.2, П=18.73 ха – ул. „Железничка“, ул. „Кленоец“,          ул. „ Будва“ и ул. „Прилепска“
УЗ 17 – УБ 17.1, П=70.53 ха – пешачки коридор на Канал Студенчишта, Бул. „Св. Наум Охридски“, Канал на р. Рача и брегот на Охридското Езеро.

Стручната расправа за Измена и дополна на ГУП за град Охрид ќе се одржи на 16.03.2015 година во Големата сала на општина Охрид со почеток во 12.00 часот.

Заинтересираните лица и субјекти можат да достават забелешки по предлог планот во рок од десет (10) дена од одржување на стручната расправа односно заклучно со 26.03.2015год.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1382  пати
Објавено на: 12.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©