Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕДУКАЦИЈА НА ДЕЦАТА ОД ЈОУГД „ЈАСНА РИСТЕСКА“ ЗА ОРАЛНО ЗДРАВЈЕ
Untitled Document

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на детето, денес во градинката Јасна Ристеска се реализираше почетната фаза од проектот за здрави заби и грижа за оралното здравје. Во соработка со ординацијата д-р. Сашо Стоев, ординацијата Денториа, Лакалут и поддржано од Лајонс клуб од Охрид беше извршена теоретска и практична едукација на дечињата за одржување на оралното здравје, правилно четкање на запчињата, а беа извршени и стоматолошки прегледи на дечињата од 4 - 6 годишна возраст. Активноста продолжува со континуирано следење на здравјето на забите. Следната фаза ќе биде на 17-ти декември.


 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 21.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©