Од 19 до 21 август на градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид ќе се одржат вторите по ред забавно - спортски игри „Водени лудории“.
„Водените лудории“претставуваат одлична можност за сите спортски рекреативци без ограничување на возраста да бидат дел од спортската забава и дружење . Настанот којшто е дел од проектот на општина Охрид насловен како „Спортско Лето“има за цел да постане традиција на сегашните и идни генерации.
Организатор на случувањето е ЈП„Билјанини Извори“ а покровител е Општина Охрид.
ЈП „Билјанини извори“ и Локалната самоуправа ги покануваат сите заинтересирани граѓани да се пријават за учество на “Водените лудории“. За првопласираните, организаторот и покровителот обезбедија вредни парични награди, како и многу пригодни подароци.
Услови и информации за учество:
-Пријавување од 13. до 19. 08 2015 година
-Котизација 4000 денари
-Екипата се состои од 10 учесници и тоа 3 жени и 7 мажи
-Екипата треба да достави Име на екипата, контакт лице/капитен и телефонски број
-Пријавување во дирекцијата на ЈП „Билјанини извори“ ( Спортска арена „Билјанини извори“ ) или на 046/231-535;078/232-881; како и на e-mail :biljaniniizvori@gmail.com,
-Котизацијата се уплаќа на следната жиро сметка 530-000200889310, Цел – за учество во „Водени лудории“, депонент „Охридска Банка“ или на билетарата во Спортска сала „Билјанини извори“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |