Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со претставници од стручните служби на општина Охрид како и претставници од Јавните прептријатија кои се под општина Охрид, од понеделник (07.11.2016) година, го стартуваат новиот циклус на средби и посети на урбаните и месните заедници.
Со почеток во 17 часот во голема сала на општина Охрид, ќе се оствари средба со жителите од урбаните заедници „Билјанини извори“, „Даме Груев“ и „Лескајца“.
Во вторник (08.11.2016) со почеток во 17 часот, исто така во голема сала ќе се оствари средба со жителите од УЗ „Кошишта“, „Железничка“ и „Радојца Новичиќ“.
Овие средби се организираат со цел прибирање на идеи од граѓаните за проекти за кои ќе се предвидат средства од буџетот за наредната година. Овој начин на слушање на проблемите и идеите во прво лице, постана практика која Локалната самоуправа ја воведе во последните неколку години. Извор: www.ohrid.gov.mk |