По повод Меѓународниот ден на ромите, 8 април, градоначалникот Никола
Бакрачески денеска , прими претставници од ромската заедница од Охрид.
На средбата, претставниците на охридските роми ги изнесоа проблемите
со кои се соочува оваа популација , а градоначалникот Бакрачески потенцира
дека општината максимално се залага и работи на стратегија за
унапредување на правата на оваа заедница и нивна заштита во насока на
подобрување на животниот стандард со подобрување на условите за живот,
образование и вработување.
Градоначалникот истакна дека, општината ќе го поддржи секој проект кој
се однесува на заштита и унапредување на животот на ромите. Во тој
поглед Локалната ќе го поддржи и предложениот проект од
сферата на социјалната заштита со ангажман на лице кое ќе биде линк-
медијатор меѓу граѓаните, општината и Центарот за социјални грижи од
Охрид. Лицето би било ангажирано за собирање документи, пополнување
апликации и формулари.
Локалната самоуправа ќе го поддржи и проектот
бесплатен оброк во народната кујна да добијат и членовите од социјално
најзагрозените ромски семејства од Охрид. Во иднина општината ќе ги
помага и проектите кои се однесуваат на одбележување на 8 април-
Меѓународниот ден на ромите и на празникот Ѓурѓовден кој се одбележува на 7
мај.
Извор: www.ohrid.gov.mk |