По налог на општина Охрид, јавните претпријатија „Ниско Градба“ и „Градски гробишта“ , денеска вршеа уредување на централното градско подрачје по повод порестојниот празник „Богојавление – Водици“. Екипи на ЈП „Градски гробишта“ ги санираа оштетените делови од патеката на градското пристаниште. ЈП „Ниско Градба“ ги обновува оштетените бехатон плочки во централното градско подрачје и на ул. Гоце Делчев, а во Велгошти се санираат одводните канали за атмосверска вода.
Извор: www.ohrid.gov.mk |