Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на света
литургија што утрово се одржа во црквата Св. Георги во населбата
Горна влашка мала а по повод големиот христијански празник, Рождеството
Христово- Божиќ.
Заедно со своите сограѓани, православни христијани ,градоначалникот
Бакрачески се помоли за добро здравје на своите ближни но и на сите
граѓани. Тој посака Божјата милост да ги прати сите луѓе на
патот кон успехот, меѓусебното разбирање и толеранцијата а оние кои
слават празникот да го минат во добро расположение заедно со семејството и
ближните полни со љубов, добра мисла и меѓусебно разбирање.
Извор: www.ohrid.gov.mk |