Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА СО ПОРАНЕШНИТЕ СЕКРЕТАРИ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

По повод новогодишните и божиќните празници, секретарот Димитар Спасески, оствари средба со поранешните секретари на Општина Охрид. На средбата беа поканети сите претходни секретари, кои ја извршувале оваа работа во различни периоди од развојот на општина Охрид.

- На мое огромно задовлоство, а се разбира по повод празниците кои поминаа, кога секогаш правиме една ретроспектива на минатото и правиме планови за иднината, сметав дека е добро да ги поканам моите претходни колеги. – изјави секретарот Димитар Спасески

Денешната функција секретар, како таква е воспоставена од 2005 година соогласно новиот Закон за локална самоуправа, а претходните колеги соогласно тогашните законски регулативи биле претпоставени на администрацијата и тоа практично значи дека и тие тогаш ја извршувале на соодветен начин секретарската функција.

- За мене како најмлад по години и по стаж секретар,  од денешната средба со нив имав можност да извлечам многу позитивни искуства од нивната тогашна работа. Веројатно и тие се соочувале со соодветни предизвици кои што им биле пред нив во тој период, така што од денешната средба за мене лично произлегоа многу заклучоци кои што ќе можам да ги применувам во мојата понатамошна работа. Од друга страна им оддавам лично признание и благодарност за се она што направиле со својата работа и сите биле  дел од склопувањето на мозаикот, наречен општина Охрид, така што нивните дела за секогаш остануваат дел од историјата на градот Охрид. – додаде секретарот Спасески

На поканата се одзваа поранешните секретари, Сотир Пирузе, Никола Рилкоски, Веско Малезан, Никодин Наумкоски, Ѓуладин Ѓуладин, а од оправдани причини, поради службени патувања не беа во можност да присуствуваат Никола Рилкоски и Димитрија Вревезоски.
Функцијата секретар е една од најсериозните функции кои се извршуваат во локалната самоуправа.

- Со оглед на тоа што на оваа функција доаѓам со големо работно искуство пред се од министерството за локална самоуправа, каде имав можност да работам и да соработувам со сите општини во Република Македонија, за мене новата функција е нова само по име, а не по суштина значи сум бил вклучен во сите проекти кој што сите локални самоуправи ги работеле, како претставник на Владата на Република Македонија, така што за мене новата функција претставува нов предизвик бидејќи се работи за својот град и за воспоставување на определени стандарди  во општинската администрација. Како секретар се соочив со низа предизвици кои не ги очекував, наидов на прилично неорганизирана администрација од која што можам да кажам дека од ден на ден со новите мерки и активности кои ги превземаме сум се позадоволен како секретар, градоначалникот е позадоволен од нашата работа како стручни служби, а она што го добиваме како фидбек и самите граѓани се позадовлни од функционирањето и новиот начин на работа на локалната самоуправа. – истакна секретарот Спасески.

Ваквата средба беше со цел да се разаменат искуства, за да може да се воспостави функционална администрација која ќе ја реализира програмта која што беше ветена пред граѓаните.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1262  пати
Објавено на: 10.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©