Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ МЕЃУ НАЈАКТИВНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

Советот за безбедност во сообраќајот на град Охрид е меѓу најактивните и најуспешните совети во земјава. Ова, на претседателот на охридскиот совет за безбедност м-р Стефан Димоски му го кажа претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски. Тој, заедно со други претставници на Републичкиот совет, викендов го посети општинскиот совет во Охрид и имаше работна средба со претседателот Димоски и членот на советот м-р Флорентина Стерјовска. Тие информираа за досегашната работа на општинскиот совет, за реализираните проекти од јуни кога се оформи советот во нов состав се до септември годинава.
 


На работниот состанок, меѓу другите теми беше втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година која има за цел бројот на жртвите во сообраќајните незгоди до 2020 година да се намали до просекот на жртви во државите членки на Европската Унија. Стратегијата како стратешки документ, на предлог на Владата ја донесе Собранието на Република Македонија на 30-ти декември 2014 година.  
 
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски предложи, општинскиот совет-Охрид како исклучително успешна општинска организација, да започне подготовка на Локална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Охрид. Со тоа општина Охрид би била првата општина во Република Македонија што би усвоила ваков документ.
 
Претседателот Димоски, прифаќајќи ја идејата, рече дека локалната стратегија ќе претставува приоритетна стратешка и програмска  определба на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Додаде дека таа ќе биде цел во работата на советот со чие имплементирање како концепт ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот на локално ниво.
 

Претседателот Димоски најави повеќе идни предвидени активности на советот во Охрид, што ќе се реализираат не само со ранливите категории учесници во сообраќајот туку и со повеќе други целни групи.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1319  пати
Објавено на: 27.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©