Досегашниот вршител на должноста директор на ЈП “Градски Гробишта“, Зоран Симоноски со решение на градоначалникот Бакрачески од денеска е директор на претпријатието. Симоноски по професија е дипломиран машински инженер, кој во минатиот период извршувал повеќе работни задачи во ЈП “Комуналец“, а со формирањето на ЈП “Градки Гробишта“ во 2011 година бил вработен во истото каде имал повеќе раководни позиции. Функцијата вршител на должноста ја извршуваше од март годинава.
Извор: www.ohrid.gov.mk |