Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГОРДАНА КОЊАНОВСКА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

На денешното продолжение на Конститутивната седница на Советот на општина Охрид, по предлог на советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“ со 15 гласа ЗА и 6 ВОЗДРЖАНИ,  за нов претседател на Советот е избрана  Гордана Коњановска, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Должноста која мнозинството советници ми ја доверуваат ја прифаќам со огромно чуство на одговорност. За оние кои се изјаснија дека ќе можам да се носам со обврските што ги носи функцијата Претседател на Советот огромна благодарност.  За оние кои останаа резервирани, исто така голема благодарност, зашто нивната резервираност ќе биде поттик максимално одговорно и со широко отворени очи да ја извршувам функцијата која ми е доделена во наредните 4 години. За оние кои останаа воздржани, а добро ме познаваат, исто така благодарност затоа што сметам дека почитуваат некои повисоки ставови – рече Коњановска.

Како предлози за Претседател на Советот општина Охрид, поднесени од коалицијата „Сојуз за иднината“ беа  советниците Љубомир Чаулев од Социјалистичката партија и Дејан Пановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.  И двајцата не ги прифатија кандидатурите..

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1293  пати
Објавено на: 17.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©