Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА СВЕТСКОТО КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ
Untitled Document

Охрид заедно со  Скопје и Струмица   се македонските градови кои  се  домаќини   на  светското кадетско првенство во ракомет  за жени  до 18 години што  се одржува од 20 јули до 3-ти август .

Во Охрид натпреварите се играат во спортската сала “Билјанини извори“ а влезот е  слободен. Се   натпреваруваат екипите од  : Русија , Унгарија, Норвешка, Конго, Јапонија, Парагвај,Ангола, Португалија, Црна Гора, Хрватска, Кина и Франција.

Денес во спортската сала  први играат  Норвешка – Парагвај а почетокот на натпреварот е закажан за 16:15 ч ;Јапонија –Русија играат  во 18:30 ч. а Конго – Унгарија во 20:45 ч.
Спортските случувања во градов, односно светското кадетско  првенство во ракомет за жени до 18 години  потоа  меѓународниот пријателски турнир во Кошарка   како и гостувањата  на ракометните репрезентации од Македонија, и тренинзите кои во рамки на СРЦ “Билјанини извори“ од почетокот на летово ги реализираат фудбалските екипи од земјава и странство, потврдуваат дека Охрид станува се попривлечна спортска дестинација. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 24.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©