Екипи на јавното претпријатие ‘’Билјанини Извори’’ во текот на наредните неколку денови ќе изврши чистење на јавните паркинг површини со кои ќе стопанисува претпријатието.
Станува збор за паркинг простор површина кој се протега на улиците ‘’Македонски Просветители’’од пресекот на ул.’’Булевар Туристичка’’ до крај заедно со кружниот тек на сообраќај, дел од улиците ‘’Партизанска’’, ‘’Кузман Јосифоски Питу’’и ’’Кеј Маршал Тито’’ заедно со паркинг Ривиера.
Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ – Охрид ги замолува граѓаните за разбирање.
Извор: www.ohrid.gov.mk |