Градоначалникот Бакрачески и новата локална самоуправа ја оценуваат состојбата во образовните институции во општина Охрид, како лоша, поставена на несоодветни основи, со голем број нерасчистени состојби и финансиски дубиози кои го оптеретуваат функционирањето на образовниот систем во општината.
Основните и средните општински училишта, како и детската градинка, не ги задоволуваат потребните законски стандарди за нормално функционирање, а заради направени долгови некои од нив имаат и блокирани жиро-сметки. Тоа е доволна причина да бидеме сигурни дека менаџирањето со образовните институции било лошо и несоодветно.
Изминативе денови од страна на дел од наставничкиот кадар и родителите на учениците, добивме голем број на поплаки за притисоците кои ги имале последните години, а кои ескалираа за време на кампањата за локалите избори, кога врз учениците и наставничкиот персонал е вршен притисок за нивно учество во партиските наместо во образовните политики. Уште поскандалозното е влијание на политиката при вработувањето на наставнички и технички персонал, кога вон законски и вон иституционално се ангажирани лица со несоодветни договори. Морален чин е на секој одговорен човек во општеството, при лоши резултати, самиот да има доблест и да поднесе оставка на својата функција. Тоа е чин кој нетреба да биде изнудуван, туку одговорно и етички секој треба да го применува кога резултатите се под очекувањата на граѓаните.
На образованитето во Охрид, како и на останатите институиции под надлежност на општината му требаат коренити промени. Дадената голема поддршка на граѓаните на Охрид за Градоначалникот Бакрачески, не обврзуваат да превземеме одговорни, храбри и бескомпромисни чекори за средување на фрапантно хаотичната состојба во која претходното општинско раководство на чело со Александар Петрески ја доведе општина Охрид.
ОПШТИНА ОХРИД
Кабинет на Градоначалник
Извор: www.ohrid.gov.mk |