Најстарата фолклорна, музичко сценска манифестација, Балканскиот фестивал на народни песни и игри , годинава ќе го има своето јубилено 55-то издание. На сцената на Долни Сарај од 7 до 10 јули ќе продефилираат 10 фолклорни друштва, а честа да го отвори фестивалот ја има нашиот најреномиран национален ансамбл “Танец“ од Скопје.
На фестивалот покрај фолклорните групи од Македонија, ќе настапат и гости од Бугарија, Црна Гора, Турција и Австралија. Фестивалот е под покровителство на претседателто на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски.
Извор: www.ohrid.gov.mk |