По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“,
Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ
Услови за учество на Конкурсот:
1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен
граѓанин на Република Македонија;
2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци со
шифра на авторот без лични податоци, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар
Влахов“ бр. 57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
3. Авторството се докажува со четвртиот примерок;
4. Краен рок за доставување на трудовите е 20.07.2014 година;
5. Жири-комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат
наjдоцна до 31.07.2014 година.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе
биде врачена на 13.08.2014 година на традиционалната културна манифестација
“Вечер на Живко Чинго “.
Извор: www.ohrid.gov.mk |