Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТИПЕНДИИ ЗА ЛЕТНА ШКОЛА ВО ИТАЛИЈА
Untitled Document

Општина Охрид континуирано остварува одлична соработка со општина Исео од Италија и европските партнери од мрежата, откако во мај 2014 година стана член на Европската мрежа на езера и градови со езера. Соработката се одвива во повеќе области, а најмногу во реализација на заедничките партнерски проекти како што се :

 Проект “100 концерти” Eвропскиот партнерски проект на млади музичари од различни европски држави; Европски музички камп, подготовка и реализација на концерти во Србија- Белград и Нови Сад и Словенија- Љубљана и Блед во 2014 год. Европскиот партнерски музички проект, треба да продолжи  и во 2015 со втора фаза во Италија и 2016 год. во Охрид.

Проект за одбележување на Денот на Европа  и организација на европската недела на млади од различни европски држави во Италија во рамките на  Програмата  на ЕУ- “Европа за граѓаните” 2014

Учество на официјална делегација на општина Охрид, предводена од Градоначалникот на општина Охрид на првиот глобален состанок на  европската мрежа и Фестивалот на езерата (2014).

Заедничкото аплицирање со предлог проект од најновата Програма на Европската Унија COSME 2015 со партнери од Италија, Словенија, Шпанија и Ирска.

Во таа насока општина Охрид продолжува со иницијативите за вклучување  на што повеќе институции, училишта, организации и поединци од Охрид во заедничките иницијативи и проекти за соработка со европските партнери. Во рамки на веќе воспоставената успешна соработка со општина Исео од Италија, дипломирани студенти или студенти кои следат мастер студии од областа на економските науки имаат можноста да земат учество на Меѓународната летна школа, Меѓународна конференција и средби со добитници на Нобелова награда од економските науки, еминентни економисти од целиот свет, владини претставници како и успешни бизнисмени, и трговски асоцијации.

За сите заинтересираните студенти од Охрид, обезбедено е намалување на трошоците за учество на настанот и комплетен престој во хотел во Италија (вкупно 1000 евра во период од 20-27 јуни 2015 год.). Редовната цена во пакет изнесува 2 500 евра.

За повеќе информации и потребните документи за аплицирање, заинтересираните можат да се обратат во Секторот за туризам и локален економски развој и кај координаторот за соработката со општина Исео и Европската мрежа на градови со езера, Антонио Балески, e- mail: antoniobaleski@ohridler.gov.mk , телефон: 046/230 175.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1365  пати
Објавено на: 05.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©