Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТРАДИЦИОНАЛНА ОХРИДСКА ВЕЧЕР ВО БЕЛГРАД
Untitled Document

Во рамките на годинашниов Туристички саем во Белград што ќе се одржи од 19 до 22 февруари, општина  Охрид ќе ја организира традиционалната Охридска вечер.На вечерта, што ќе се одржи во ресторанот „ Језеро“ на Ада Циганлија, планирано е да учествуваат претставници на дипломатскиот кор, познати личности на политичкиот и јавниот живот во Белград, хотелиери, угосители и тур-оператори од повеќе земји учеснички на саемот.

-Нашата стратегија е што повеќе да ги користиме туристичките саеми како можност за промоција на Охрид како атрактивна дестинација.Оваа недела почнуваме со промоција на Охрид на саемот во Белград,  веројатно ќе следи Сараево, Љубљана, Осло, Европскиот парламент , Тел Авив, Москва и во некои други градови.Цел е   покрај Охрид да се презентираат и можностите на поширокиот регион, со што ќе се збогати туристичката понуда. Покрај учеството на големи саеми, треба да се наоѓаат и други форми  за презентацијата, како што се средби со тур-оператори, новинари и други чинители од земји , за кои сметаме дека се потенцијални емитивни подрачја за развој на туризмот- смета градоначалникот Никола Бакрачески.

На 37- от туристички саем во Белград, покрај претставници на општина Охрид, ќе учествуваат и околу четириесетина претставници од туристичкиот бизнис сектор.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1275  пати
Објавено на: 17.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©