Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитка по повод 8 април- Меѓународниот ден на Ромите
- Ромите како заедница и поединци, во голема мера придонесуваат за развојот на Охрид и Република Македонија во секоја сфера од општествениот живот. Токму затоа тие се значаен и нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество во кое се негуваат различните култури и традиции. Моделот на еднакви права и можности , на соживот и на почитување на различностите е наша најголема сила.
Процесот на натамошно подобрување на социјалната, економската и севкупната положба на Ромите, бара секојдневни активности и максимален ангажман. Само така, само со вклученост, со солидарност, и како град, држава и општество, ќе се соочиме и ќе ги надминеме предизвиците на оваа етничка заедница.Само преку заеднички ангажман, со меѓусебна почит и взаемна доверба, можеме да обезбедиме континуирано и одржливо подобрување на животниот стандард на нашите граѓани и да постигнеме прогрес во сите области на општествено делување- стои во честитката на градоначалникот Бакрачески по повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |