Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАСТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА НА ЈАПОНСКАТА ВЛАДА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ДОГРАДБА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ
Untitled Document

Претставници на  Јапонската владина организација за надворешна трговија (JETRO), со седиште во Виена, денеска беа примени од градоначалникот Никола Бакрачески. На средбата, беше презентирана технологијата на компанијата “Секи Суи Хемикал“ за изградба и одржување на колекторски системи. Претставникот на JETRO за Балканот, г.Хиро Фуми Оно истакна дека Јапонската влада е подготвена преку свои компании да инвестира во вакви системи, со претходно изработена физибилити студија. Тој исто така подвлече, дека наскоро се очекува од Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), да бидат објавени резултатите од студијата за колекторскиот систем на Охридското езеро, по што ќе може поконкретно да се зборува за реализација на проектот за ревитализација и доградба на истиот.


Градоначалникот Никола Бакрачески искажа благодарност кон јапонските експерти кои ја презентираа технологијата на престижната компанија “Секи Суи Хемикал“ и истакна дека Охрид можеби нема поголем стратешки проект од зачувувањето на Охридското езеро и природните богатства на охридскиот ареал.


Со оглед дека веќе се остварени контакти на владино ниво помеѓу Македонија и Јапонија за економска и техничка соработка, за очекување е, дека наскоро проектотот ќе ја има својата финална завршница.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1367  пати
Објавено на: 18.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©