Утре или најдоцна задутре ќе биде приклучена електричната енергија
во ОУ “Григор Прличев“. Со одлука на денешната вонредна седница
која беше свикана по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески,
општина Охрид се обврза да го исплати долгот кон ЕВН Македонија што
училиштето го има за потрошена електрична енергија во износ од
813.439.00 денари
- Се
заблагодарувам на високо покажаната општествена свест на сите советници во
градскиот Совет , без разлика дали доаѓаат од владејачкото мнозинство или
опозицијата. Изразувам благодарност, за конструктивноста во дискусиите и за
брзиот одговор по свикување на оваа вонредна седница на
која беше изгласана одлука за исплата на долговите за електрична
енергија на училиштето, преку општинската сметка . Со стапување во сила на
оваа одлука и со исплата на неподмирените обврски кон ЕВН- Македонија уште
во текот на утрешниот ден ќе имаме можност да воспоставиме непречено и
континуирано одвивање на наставата, изјави непосредно по завршување
на 32-та вонредна седница на градскиот Совет, градоначалникот Никола
Бакрачески
Проблемот со исклучената струја во ОУ “Григор Прличев“ е резултат на
застарени обврски и игнорантскиот однос на поранешни локални
раководства за регулирање на обврските кои ги имале кон
доверителите од дваесетгодишниот судски спор со имотно- правен
карактер, поради што за енормно висок износ е блокирана неговата
сметка, што оневозможува плаќање на сметките за потрошена електрична
енергија.
Во изминативе денови Локалната самоуправа и градоначалникот Никола
Бакрачески многу посветено и макотрпно работеа на надминување на овој
сериозен наследен проблем . Со цел непречено реализирање на наставната
програма во нормални услови, Градоначалникот и стручните служби заедно
со доверителите , на работни состаноци , ги разгледуваа сите можни модели
кои се во рамки на законските прописи и норми за надминување на овој
проблем.
Обврските за потрошена електрична eнергија на ОУ “Григор Прличев“ кои во
полза на непречена реализација на наставната програма на свој грби ги
презеде општина Охрид ќе бидат плаќани со буџетски средства од програмата
N1- основно образование, што значи дека дополнителни интервенции во буџетот
на општина Охрид , не се потребни.
Извор: www.ohrid.gov.mk |