Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе биде гостин во третата епизода од серијалот ”Алхемија на Балканот – Македонија” што ќе се емитува утревечер ( четврток) со почеток во 21:30 часот на светската телевизија Ал Џезеира .
Утрешната емисија на „Алхемија на Балканот“ е целосно посветена на Охрид, градот во кој се вкрстуваат природните убавини и културната историја.
Во емисијата ќе се зборува за Охрид - некогаш и сега, за неговиот развој и за туризмот како една од најбитните стопански гранки.
Утревечер на Ал Џезеира ќе се прикажат убавините на Охрид, традицијата, храната и многу други нешта кои го прават единствен во Светот нашиов град.