Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВРШЕШЕ ПРЕГЛЕДИ НА ОХРИДСКИОТ ПЛОШТАД
Untitled Document

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на срцето ,  градоначалникот Никола Бакрачески заедно со колегите од матичната установа-  Заводот за кардиоваскуларни заболувања,  денеска на градскиот плоштад во Охрид , вршеше  прегледи и даваше  лекарски совети  за здравјето на срцето  на сите охриѓани кои се одзваа на активностите  што   по повод  овој ден  трета година по ред  заедно   ги организираат   Заводот  и Општина Охрид.

Првиот човек на градов кој по професија е лекар – кардиолог, и кој и покрај бројните  градоначалнички обврски и ангажмани  секогаш е тука за своите пациенти и сите луѓе кои имаат проблеми со срцето, денеска неколку часа љубезно ги слушаше охриѓани  им вршеше прегледи и даваше лекарски совети. Бројните граѓани пак, и покрај тоа што веќе извршиле прегледи и добиле совети од други лекари вработени  во Заводот, со доверба му пристапуваа на својот доктор  Бакрачески и чекаа на ред тој да ги прегледа.
Градоначалникот  и доктор Бакрачески  , денеска подвлече дека  болестите на срцето и на крвните садови и понатака  се причина број еден за смртноста во земјава, односно секој втор починат, умрел од кардиоваскуларни заболувања.

- Имено, од околу 19.000 луѓе колку што умираат годишно во Македонија, околу 11.000 починале како последица на болести на срцето и крвните садови, или овие болести во вкупната стапка на смртност во Македонија учествуваат со 57,8 отсто. Срцевите заболувања и мозочните удари се водечка причина за смртност во Светот  и се одговорни за 17.3 милиони изгубени животи годишно. Овие бројки сигнализираат на неопходноста од  подигање на јавната свест  за справување со ризик факторите во кои спаѓаат и животните навики. Тоа е и мотото на овогодинешната акција на светскиот ден на срцето   Создавања на околина за здраво срце“. Тоа значи дека со менување на животните навики , со менување на навиките од околината, на местото во кое работиме, каде што живееме или се рекреираме , со секојдневно  воведување на  што повеќе физичка активност што ја   препорачуваат докторите и со отстранување на лошите животни навики односно  ризик факторите  ние ја намалуваме можноста за  кардиоваскуларни заболувања. А такви ризик фактори  се прекумерна консумација на сол, на шеќер кај дијабетичари, пушење и стрес. Со промена на животните навики  може да влијаеме  и со тоа да ја намалиме веројатноста односно можноста од појава на кардио васкуларни заболувања- изјави градоначалникот д-р Бакрачески.

Доктор Маре Зимбова од Заводот за кардиоваскуларни заболувања истакна дека интересот на охриѓани за вакви настани  од година во година  расте и тие во се поголем број стануваат дел од  оваа акцијата.

Како здравствена установа, Денот на срцето започнавме да го одбележуваме пред неколку  години а пред три заедно со општина Охрид. Бројот на граѓани кои доаѓаат да се прегледуваат на овој ден од година во година расте. Ако   нивниот број минатата и претходната година беше задоволителен годинава е значително поголем. Охриѓани па и странци со несмален интензитет постојано доаѓаат и се прегледуваат, вели д-р Зимбова. 

Заводот за кардиоваскуларни заболувања  повеќе од три децении успешно работи  во Охрид а негова  специјалност е превенцијата , третманот и рехабилитацијата на кардиоваскуларните заболувања. Во текот на овие децении  во оваа установа се лекувале неколку стотици илјади пациенти и се изведени безброј превентивни , дијагностички прегледи, третмани и лекувања во интензивна нега и салата за кардиологија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1353  пати
Објавено на: 04.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©