Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
24 МАЈ - ДЕН НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ
Untitled Document

По повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители општина Охрид организира пригодна свеченост во градскиот парк пред споменикот на Светите Кирил и Методиј.

СЦЕНАРИО

11.00 часот Реферат за Кирил и Методиј

11.05 часот Полагање свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј

11.30 часот Инструментална нумера , Петар Маркоски (виолина)

11.35 часот Доделување на наградите кои општина Охрид го доделува на учениците од основните и средните училишта кои освоија награди на државни и меѓународни натпревари



СВ: КИРИЛ И СВ.МЕТОДИЈ - ТВОРЦИ НА ГЛАГОЛИЦАТА И ПРВОТО СЛОВЕНСКО ПИСМО

Пред 11 векови во втората половина на 9 век, браќата Кирил и Методиј, од Солун, по желба на Византискиот цар Михајло, а на молба од Моравскиот кнез Ростислав, добиле задача како монаси – мисионери да одат во Моравија (средно – вековна држава на територијата на денешна Чешка) и таму да го проповедат христијанското учење меѓу небожните Словени. Во мисијата било потребно византијско влијание во тој дел од Европа.

Св. Кирил и Св.Методиј за оваа дејност сериозно се подготвувале. Ја составиле словенската азбука (глаголицата)и од грчки ги превеле потребните црковни киги. На тој начин го создале новиот словенски книжевен јазик и станале основоположници на словенската книжевност.o:p>

По смртта на Св. Кирил и Св. Методиј, нивните ученици биле протерани од Моравија. Некои од нив, меѓу кои Св. Климент и Св. Наум доаѓаат на територијата на денешна Македонија, во Охрид. Охрид станува жариште на словенската писменост.

Во Плаошник, во стариот дел на Охрид, продолжува мисионерската активност на климентовите ученици. Меѓу другото, Св. Климент токму овде го изготвил новото словенско писмо – Кирилицата, која бргу потоа се шири низ Балканот се до далечна Русија. Климент писмото го нарекол Кирилица во чест на својот учител Кирил.

Св. Климент минал 30 години меѓу македонските Словени. При неговта манастирска црква Св. Пантелејмон, изградена во 893 година, цели два века пред формирањето на Болоњскиот универзитет, овде во Охрид бил формиран првиот словенски универзитет, од кој произлегле 3500 ученици. Тие ја ширеле словенската писменост, култура, црковно пеење и уметност во повеќе словенски земји.

Долго по смртта на Св. Климент во 916 годинана на Св. Наум во 910 година, Охридската книжевна школа била расадник на најзначајните ракописи на Славистиката и Историјата на ументноста. Охридската книжевна школа која дејствувала на мекедонската почва во IX век била верен приврзаника на Глаголицата. За оваа школа можат да се поврзат најзначајните словенски ракописи создадени се до XII век, кога Глаголицата била заменета со Кирилица.

Сто години подоцна, по повод 1100 годишнината од моравската мисија и одобрувањето на словенската богослужба, Папата Иван Павле II на 31.12 1980 година светите Кирил и Методиј ги прогласува за заштитници на цела Европа.

Ристо Кузмановски
публицист и новинар
на “Нова Македонија“ во пензија

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1243  пати
Објавено на: 23.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©