Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ НА ГРАДЕЖНИ КОНСРУКТОТРИ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, попладнево   се обрати на  отворањето на  Меѓународниот  симпозиум на друштвото на градежни конструктори на Македонија што по 16-ти пат се одржува во градот домаќин - Охрид.

-Најнапред би сакал од името на граѓаните на град Охрид и во мое лично име да ви се заблагодарам што токму во нашиот град го организирате Симпозиумот на кој верувам дека ќе бидат презентирани научни сознанија, современи методи и техники за проектирање и изведба на градежни конструкции кои секако се предуслов за одржлив развој. Убеден сум дека размената на искуствата и зедничкото дружење во еден ваков посебен амбиент ќе добијат апликативна смисла на која сите ние би биле горди. Верувам дека единствениот прогресивен пат е оној на науката и тоа токму во оној дел во кој истата постанува видлива и применлива како конструкција, облик или форма. И затоа знам дека завршните часови на овој симпозиум ќе се еден сублимат кој ќе ги постави идните насоки, ќе проникне во инвентивноста на младите истражувачи и ќе вроди со конкретни соработки во областа. Уште еднаш ви посакувам пријатен престој во Охрид и успешна работа- рече Бакрачески.

Ваквите средби се потврда за стратешката определба на локалната власт постојано да го осовременува конгресниот туризам.

На овој меѓународен собир посветен на градежното конструкторство, учествуваат  300 градежници и архитекти од 12 земји, Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска,Словенија, Германија, Португалија, Италија , Грција, Казахстан и Соединетите Американски Држави.

Симпозиумот на градежни инструктори завршува на трети октомври.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1359  пати
Објавено на: 01.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©